Телефон со Android: Зачувување и споделување на датотеки

Научете повеќе како да зачувувате и споделувате датотеки на телефон со Android.

Научете како да зачувате копија од датотека на телефонот, како да најдете датотека користејќи ја апликацијата Моите датотеки (My Files app), како да избришете датотека од телефонот и како да споделите датотека со пријател по е-пошта.

Пред да почнете

Паметниот телефон со Android што се употребува во презентациите во овој курс можеби не е ист со телефонот што го имате, но менијата и чекорите би требало да бидат слични.

Пред да почнете, проверете дека имате:

  • телефон со Android
  • најнова верзија на оперативниот систем на телефонот
Телефони со Android

Сѐ за апликацијата Моите датотеки

Вообичаено можете да најдете датотека или прилог користејќи ја апликацијата за е-пошта, но тоа може да биде непрактично. Моите датотеки (My Files) е место во вашиот телефон кадешто можете да ги зачувате датотеките што сакате да ви бидат при рака.

  1. Во Моите датотеки може да се зачуваат секакви датотеки
  2. Не ви треба интернет-врска за да пристапите до Моите датотеки.

Како да зачувате датотека во Моите датотеки

Можете да зачувате секаков прилог на е-пошта во Моите датотеки:

  • отворете ја апликацијата за е-пошта, вообичаено Gmail
  • најдете ја пораката што го содржи прилогот што сакате да го зачувате
  • преземете го документот на телефонот со допирање на иконата за преземање под прилогот
  • во горниот лев дел на екранот ќе се појави мал знак за штиклирање, којшто ви покажува дека документот беше преземен
  • допрете на Дома (Home) за да ја затворите апликацијата за е-пошта.
Безбедно е да читате е-порака, но никогаш не треба да кликнувате, допирате или да отворате прилози за коишто не сте сигурни. Некоја врска или датотека во е-порака може да содржи вируси или друг несакан софтвер.

Како да наоѓате и отворате датотеки во Моите датотеки

Отворете ја апликацијата Моите датотеки (My Files app). Можеби ќе треба да ја побарате на Екранот со апликации (Apps screen), па најпрво поминете со прстот од долниот дел нагоре по Почетниот екран (Home screen). Таа може да се наоѓа во некоја папка, во зависност од моделот на вашиот телефон.

  • Апликацијата Моите датотеки (My Files app) има многу одлики што вреди да ги разгледате
  • За да ги најдете вашите датотеки, допрете на Внатрешен склад (Internal Storage)
  • На вашиот телефон се појавува список со папки и можете да ја допрете која било папка за да видите што содржи
  • Кога преземате или зачувувате датотека, таа вообичаено оди во папката Преземања (Download)
  • Во папката Преземања (Download) најдете го документот што сакате да го видите
  • Допрете ја датотеката за да го пополни екранот и за да можете да ја прочитате
  • Можете да пристапите до датотеките во папката Преземања (Download) дури и кога телефонот нема врска со интернет
  • Допрете на Назад (Back) за да ја затворите датотеката и вратете се во екранот на папката Преземања (Download).

Како да споделите датотека од вашиот телефон

Можете да споделите зачувана датотека со други лица. Тоа можете да го направите на различни начини користејќи го Панелот за споделување (Share panel). Во овој пример ќе употребиме е-порака за да пратиме една датотека како прилог.

  • На екранот на папката Преземања (Download folder), допрете го и задржете го документот што сакате да го споделите
  • Накратко ќе се појави редица со икони, а меѓу нив и иконата на Споделување (Share icon)
  • Допрете го ова за да се прикаже панелот на Споделување (Share panel) и изберете ја иконата на Gmail
  • Се појавува екран на нова е-порака, а документот веќе е вклучен како прилог на е-пошта
  • Завршете ја е-пораката создавајќи го примателот, предметот и пораката
  • Допрете на Испрати (Send) во горниот десен дел и екранот ќе се врати на папката Преземања (Download folder).

Како да избришете датотека од телефонот

Можете да избришете датотеки што сте ги зачувале во Моите датотеки (My Files). Во апликацијата Моите датотеки:

  • допрете и задржете ја датотеката што сакате да ја избришете
  • допрете ја иконата Избриши (Delete) којашто личи на корпа за отпадоци
  • изберете Премести во корпата за отпадоци (Move to Recycle bin). Ова само ја брише датотеката од телефонот. Ако сте ја примиле како прилог на е-пошта, можете да ја најдете во апликацијата на е-пошта, бидејќи е-поштата се синхронизира со облакот.

Треба да ги бришете само датотеките што вие лично сте ги зачувале на телефонот. Не е препорачливо да бришете други датотеки, бидејќи тоа може да предизвика вашиот телефон да престане да работи правилно.